Празнична погача елка

Потребни состојки:

20 г свеж квасец (1/2 коцка),
200 мл млако млеко,
1 лажичка шеќер,
1 лажичка сол,
100 г кисело млеко (на собна температура),
3 јајца (1 жолчка е за премачкување),
3 лажици масло
700-800 г брашно

Тесто за украсни снегулки:

1 лажица сол,
1 лажица нишесте (скроб),
3 лажици брашно
малку вода за потврдо тесто.

За премачкување:

1 жолчка,
2 лажици масло,
2 лажици млеко
црн сусам/чиа семе

Начин на подготовка:

Се замесува тестото исто како за леб, а потоа се дели на два дела. Се покрива и се остава да стаса додека го зголеми волуменот. Потоа се развлекуваат правоаголни кори. Првата кора се премачкува преку цела површина со растопен путер и се наросува со шарена сол. Се развлекува втората кора и се поставува врз премачканата кора. Тестото се сече на ленти широки 5 см. Секоја лента се витка спирално и се реди во плех обложен со хартија. Лентите се редат по големина, во вид на елка.

Вака приготвената елка се остава уште 40 минути да стаса, а потоа се премачкува со изматена жолчка со масло и млеко. Ќе биде убаво нарасната и воздушеста. Внимавајте да не ја притискате за остане мека и по печењето. Тестото за украси се замесува и се прават форми во вид на снегулки (со калап или рачно), па со нив се украсува елката.

Делот кој треба да биде стебло на елката се наросува со црно сусам или чиа. Елката се пече во загреана рерна на 170 степени.

Scroll to Top