Оилениот десерт на Кејт Мидлтон, кој е, всушност, многу популарен кај кралицата Елизабета II. Рецептот за кралскиот десерт го сподели поранешниот готвач на кралското семејство Дарен Мекгрејди. Според неговите зборови, пудингот од чоколада е многу лесен за подготовка и ќе биде одличен колач во ладните зимски денови.
Состојки за 6 порции
За пудинг:
170 гр урми, исечени на 8 делови;
1 лажица сода;
240 мл зовриена вода;
60 гр путер;
170 гр шеќер;
225 гр темно чоколадо;
1 јајце;
230 гр брашно;
1 лажица ванила;
1 лажица прашок за пецово;
За сос:
312 гр жолт шеќер;
200 гр путер;
125 гр темна чоколада;
9 лажици слатка павлака.
Спојте ги сите состојки за сос и ставете ги да вријат на силен оган и гответе ги 4 минути. Поделете го сосот на два дела, еден (околу 350 мл) оставете го за пудинг, а другиот за украс.
Урмите ставете ги во зовриена вода со додавање на сода. Мешајте додека содата не се растопи и оставете да се олади.
Путерот и шеќерот активно промешајте ги, додајте јајца и есенција од ванила и продолжете со матење. Додадете брашно и прашок за пециво, а потоа додадете ги урмите и чоколадото. Мешајте сè додека не стане смесата глатка. Смесата ставете ја на сос од ладен пудинг.
Прекријте сè со фолија и ставете го колачот во рерна и печете го измеѓу 30-40 минути, односно додека чепкалката не излезе од смесата потполно чиста. Кога пудингот е готов, загрејте го преостанатиот сос. Ставете го пудингот на чинија и прелијте го со сосот. Послужете го со шлаг или сладолед.