Штрудла со вишни и крем од ванила

Потребни состојки:

500 гр готови тенки кори

прв крем:

3 јајца
3 лажици шеќер
1 ванила шеќер
3 лажици гриз
100 мл масло
200 мл јогурт
1 прашок за печиво

втор крем:

1 л млеко
9 лажици шеќер
3 пудинга од ванила
200-250 гр кандирани вишни
шеќер во прав по потреба

Начин на подготовка:

Корите се редат по четири. Во еден сад кратко со миксер ги соединуваме состојките за првиот крем. Јајцата, шеќерот, гризот, маслото, печивото, јогуртот, ванилата и ги оставаме настрана. Во друг сад ставаме половина количина од млекото, па го додаваме шеќерот. Ставаме на оган да се загрева. Во остатокот од млекото го раствораме пудингот. Го додаваме кај претходната смеса и вариме на тивко за да се згусне. Тргаме од оган и постојано мешаме за кремот да не фати кора. Мешаме за да се олади.

Ја земаме првата кора, нанесуваме 2-3 лажици од првиот крем, па го размачкуваме. Ја ставаме втората кора, па ставаме крем, а истото го повторуваме и со третата кора. Кога ќе ја ставиме четвртата кора, врз неа ставаме 4-5 лажици од пудингот, само на едната страна и 10-15 зрна кандирани вишни. Завиткуваме ролат и го ставаме во голема тава за печење. Кога ќе направиме ролат од сите кори, ги ставаме да се печат во загреана рерна 20-ина минути. Оставаме да се изладат, па ги наросуваме со шеќер во прав и ги сечеме на парчиња.

Scroll to Top