Торта сладолед

Подготовка:

1. Прв слој- индиските ореви ги ставаме во вода да стојат 5-6 часа. Ги цедиме од водата и ги ставаме во блендер. Блендираме. Го додаваме густото кокосово млеко, медот, какаото и аромата од ванила. Блендираме. Смесата ја ставаме во правоаголен калап со димензии 20х10 цм, претходно обложен со хартија за печење. Оставаме во замрзнувач да се стегне околу 2 часа.

2. Втор слој- Во блендер ги ставаме бананите, густото кокосово млеко и путерот од кикиритки. Блендираме. Смесата ја ставаме врз првиот слој. Оставаме во замрзнувач додека не се зацврсти.

Сечиме париња во големина по желба. Декорираме со стопено темно чоколадо, со 70% какао.

Scroll to Top