За подготовка на овој десерт нема да ви е потребно многу време.
Трилечето според овој рецепт се подготвува на едноставен начин и не чини многу.
Состојки
тесто
10 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици брашно
прелив
1 литар млеко
500мл слатка павлака
500мл кондензирано млеко
300гр готов карамел
Подготовка
Се кршат јајцата со шеќерот и се додава брашното, лажица по лажица за да се изедначи смесата. Се пече во длабок плех 20×30.
На страна се мешаат трите млека и кога пандишпанот е готов со печење, се прелива.
Се сече на коцки и се става карамел ( готов карамеил)