Царска пита

Потребни состојки:

4 јајца,
200 г шунка,
150 г сирење,
200 мл јогурт,
3-4 кисели краставички,
3 црвени кисели пиперки,
1.5 чаша брашно (чаша од 200 мл),
0.5 чаша гриз (може и пченкарен),
1 кесичка прашок за печиво,
70 мл маслиново масло,
малку сол по вкус

Начин на подготовка:

Сирењето иситнете го со раце, а пиперките, краставичките и шунката исечкајте ги на ситни коцки. Во посебни садови одделете ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег. Додајте го просеаното брашно помешано со прашокот за печиво и посолете по вкус. Во мешавината додајте 70 мл маслиново или обично масло за готвење, киселите краставички, жолчките изматени само со виљушка, ситно исечканите пиперки и 200 г ситно исечкана шунка и околу 150 г ситно сирење. На крај додајте една чаша јогурт. Добро промешајте со лажица или шпатула за да се изедначат состојките. Смесата ставете ја во подмачкан плех или огноотпорен сад и печете во загреаната рерна на 200 степени околу 50 минути. Оставете да се подизлади, па сечете ја.

Scroll to Top