Уштипци со тиквичка и компир

Потребни состојки

4 мали тиквички
2 компири (средна големина)
3 јајца
1 помала китка магдонос
150г брашно
1 лажичка пециво
2-3 лажици сусам
сол, црн пипер по вкус
масло за пржење

Начин на подготовка:

Тиквичките се рендаат со кората. Посолете и оставете ги да пуштат вода. Компирот излупете го и изрендајте го и оставете го да стои во вода. Магдоносот го сечкаме ситно. Јајцата ги кршиме во подлабок сад. Додаваме зачини по желба и вкус и матиме со виљушка. Тиквичките исцедете ги од течноста и додајте ги во јајцата, а потоа додајте ги ренданиот компир и магдоносот, па измешајте убаво со лажица. На крај додајте брашно и пециво. Мешајте да добиете густа смеса. На крајот додадете го и сусамот.
Пржете во загреано масло. Извадиме ги на чинија обложена со хартија за да упијат од маслото. Послужете ги топли.

Scroll to Top