Зимска руска салата

Потребни состојки:

Карфиол, корнишони и моркови заедно да тежат 10 килограми (по желба можете да додадете пиперки, зелка и зелен домат)

Солило:

10 л вода
300 гр крупна сол
1 шолја шеќер
250 гр есенција
20 гр винобран
10 гр конзерванс
1-2 пакетчиња бибер во зрно

Начин на подготовка:

Зеленчукот убаво се мие и чисти. Карфиолот се кине на парчиња, а морковите и корнишоните се сечкаат на ситни тркалца и се ставаат во длабок сад. Во 3 литра вода ставете ги сите состојки за солилото. Мешајте додека сè не се растопи, па потоа додадете ја и останатата вода. Со солилото прелијте го зеленчукот. Повремено промешувајте за салатата убаво да впие. Оставете ја неколку часа, па ставете ја во тегли. Салатата ќе биде готова за јадење за околу две недели.

Scroll to Top