Поинтелигентните луѓе пијат повеќе алкохол и не сакаат да спортуваат, тврди нова студија

Неодамнешно истражување покажало дека поинтелигентните луѓе не живеат поздраво и не се грижат премногу за сопственото здравје, туку пијат алкохол и не сакаат да вежбаат. Истражување го спровел психологот Сатоши Каназава од Лондонската школа за економија и политички науки.

Каназава ги испитувал карактеристиките и вредностите на луѓето со висока интелигенција. Резултатите покажале дека поинтелигентните луѓе се залагаат за помодерни, полиберални вредности, но и дека не се толку многу религиозни за разлика од помалку интелигентните луѓе.

Истражувањата покажале и дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто остануваат будни до доцна навечер и почесто пијат алкохол, но умерено. Исто така, тие помалку се интересираат за спортување и физички активности.

Сатоши Каназава ги објаснува овие резултати со таканаречената „теоријата на саваната“, која вели дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција подобро се справуваат со ситуациите и настаните во модерниот живот, додека мозокот на помалку паметните луѓе често има проблеми со достигнувањата кои се релативно нови и затоа тие живеат поконзервативно. Како резултат на тоа, помалку интелигентните луѓе пијат помалку алкохол, а повеќе се движат.

Scroll to Top