Бионички бубрег до 2019 година ќе ја исфрли потребата од дијализа

Не секогаш природните лекови се добри за секоја здравствена состојба, без оглед на тоа колку се добри. Понекогаш кога состојбата е сериозна само медицинската технологија може да помогне, како што е случај со дијализата. Без дијализа пациентите можеби нема да преживеат, а страдањето е поголемо оти има долга листа на чекање за трансплантација.

Досега немаше некое решение за оваа болест. Но, според Troab, научници од универзитетот „Калифорнија“ од Сан Франциско го создадоа првиот бионички бубрег кој може да ги замени оштетените бубрези. Бионичкиот бубрег може да се стави во човечкото тело со обична операција и досега се покажа дека работи ефикасно кај секого. Се состои од неколку микорчипови кои ги придвижува срцето. Бионичкиот бубрег ги филтрира токсините од крвта на ист начин како човечките бубрези.

Главната технологија на бубрегот е микрочип направен од силиконска нанотехнологија, слично како миктроелектрониката кај компјутерите. Микрочиповите се евтини и функционираат како добри филтри. Секој уред има околу 15 микрочипови поставени во слоеви и формираат еден вид оклоп во кој се поставени живи бубрежни клетки. Главниот предизвик е да се постигне движење на крвта низ бионичкиот бубрег без згрутчување и без да се попречи крвотокот. Најбитен момент кај бионичкиот бубрег е дека нема шанси да биде одбиен од кое било тело.

Првиот прототип на бионички бубрег има големина на шолја за кафе. Досега се покажа дека успешно одржува баланс на нивоата на калиум и натриум, а го регулира и крвниот притисок. Проектот се финансира со грант од 6 милиони долари од „Националниот институт за здравство“.

Scroll to Top