Чај од јоргован, народен лек за многу болести

За да го смирите артритисот, остеоартритисот и разни болки во грбот, потребни ви се 3 расцветани гранки на бел јоргован. Листовите ставете ги во сад со 0,5 литри вода и оставете течноста да се зоврие. Потоа смесата ставете ја во фрижидер да опстои три дена. Процедете и земете по 1 лажичка од течноста, три пати на ден.

Течноста конзумирајте ја половина час пред оброкот, во наредните 45 дена. По 3 месеци, повторно повторете го процесот. Поради тоа што периодот на цветање на јоргованот е краток, пожелно е цветовите да ги исушите, за да можете да ги користите на подолг период.

Со листовите јоргован може да се излечи и бронхитисот. Ставете во тегла цветови од јоргован и наполнете ја со вотка до самиот врв. Чувајте ја теглата десет дена на темно место и на собна температура. Потоа секоја вечер растворајте по 30 милилитри во филџан жежок чај. Пијте го растворот во мали количини наредните три дена.

Чај од јоргован ќе ве ослободи од болки во забите. Потребна ви се суви и свежи гранки јоргован со 3 до 6 листови. Ставете ги во 1 литар вода, зовриете ја течноста, а потоа процедете и за 5 до 10 минути исплакнете ја устата.

Цветовите од јоргован може да се користат и за реума и суви пети. Сувите цветови намачкајте ги со алкохол и држете ги 8 до 10 дена во затворен сад. 30 капки ставете на облога и на воспаленото место, два до три пати дневно.

Наполнете сад со цветови од јоргован и наполнете го со 40% вотка. Оставете го да отстои две недели на топло место. Оваа смеса можете да ја користите за масажа на зглобовите, а доколку сте настинати, растворете 20 до 30 капки во пола чаша вода.

Во народната медицина, цветовите од јоргован можат да се користат кога имате кашлица, болки во стомакот, дијареа и кога боледувате од камен во бубрег. Земете 1 лажичка суви цветови и полијте ги во филџан вода. Процедете ги по 15 до 20 минути, па пијте ја течноста 3 до 4 пати дневно.

За болки во белите дробови и грлото – Помешајте во еднаква мера суви листови јоргован и цветови од кантарион. Наполнете две третини тегла од еден литар со вотка и оставете ја да отстои недела дена. Потоа земајте по 2 лажички дневно пред секој оброк.

Контрадикции: Кога ќе почнете со оваа терапија, морате да водите сметка на времето на опоравување. Познато е дека цветовите од јоргован се контрадикторни кај жените кои имаат проблем со доцнењето на менструација.

Иако јорогованот се користи кај некои воспалени болести на бубрезите, не смее да се користи кај хронична бубрежна инсуфициенција.

Цветовите јоргован се отровни и доколку се користат во големи колични. Прпорачливо е да се користат само цветовите. Пред секое користење, посоветувајте се со лекар.

 

Scroll to Top