Во 100 грама мандарини има околу 50 калории и 30 милиграми витамин Ц. Тие содржат и фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамините Б1, Б2 и Б3, а богати се и со влакна. Освен што редовното јадење мандарини помага во превенцијата од срцев удар, дијабетес, мозочен удар, и за борба со несоницата.
Мандарините можат да го прочистат организмот од токсини и да помогнат да симнете неколку килограми. Затоа е сè популарна диетата со мандарини, односно тридневна детоксикација.
Прв ден
Појадок: два децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, 2 варени јајца кафе или чај без шеќер
Ручек: 5 мандарини, 250 грама сезонска салата со лимонов сок, кафе и чај
Вечера: 150 грама варено немасно месо, 200 грама зелена салата со сок од лимон, чај со мед
Втор ден
Појадок: два децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, две варени јајца, кафе или чај без шеќер.
Ручек: 5 мандарини, 50 грама полномасно сирење
Вечера: 200 грама риба, зелена салата
Трет ден
Појадок: 5 цели мандарини, две лажици овесни снегулки измешани со една лажица суво грозје, кафе со засладувач
Ручек: 5 мандарини, 1 шолја бистра или супа од зеленчук, неколку крекери
Вечера: 200 грама пилешко, зелена салата
Во текот на оваа диета важно е да пиете барем два литра вода.