Готвењето на плин е штетно колку и пушењето

Додека готвите на плин се ослободува одредена количина јаглероден моноксид, азот диоксид и формалдехид. Ова се истите три загадувачи што несакајќи ги внесувате во организмот со вдишување чад од запалена цигара т.е. при пасивно пушење.

Затоа, кога готвите на плин, вклучете го аспираторот во кујната. Ова го смалува нивото на загадувачи и штетни гасови за 60 до 90 отсто.

Бидејќи и плинот и никотинот му штетат на организмот, повремено треба да направите детоксикација на белите дробови. Експертите го препорачуваат овој рецепт:

1 литар вода
две големи лажици куркума
400 грама кафен шеќер
едно мало парче корен од ѓумбир
400 грама лук

Напитокот се подготвува лесно. Во длабок сад ставете ја водата и згответе ја заедно со шеќерот. Потоа додајте ги и останатите состојки. Напитокот пијте го во текот на денот.

Scroll to Top