Храна што помага против изгореници од сонце

Прекумерната изложеност на сонце и штетните УВ-зраци може да доведат до сериозни проблеми, меѓу кои и рак на кожата, велат експертите. Затоа е добро да се знае кои продукти што ги внесуваме преку исхраната може да помогнат во заштитата од изгореници. Се разбира, примарната заштита на кожата е употребата на лосион за сончање со висок заштитен фактор и избегнување директно да се изложувате на сонце кога зрачењето е најсилно.

Јагоди, киви и капини
Во текот на летните месеци јадете многу бобинки богати со витамин Ц како што се јагоди и капини, советуваат нутриционистите. Околу 100 гр јагоди и 1,5 киви дневно е приближно она што ви треба.

Зелен чај
Според едно истражување, пиењето две шолји зелен чај дневно може да го намали ризикот од меланом. Но, со оглед на тоа дека кофеинот дехидрира, треба да го ограничите внесувањето зелен чај и кафе и да пиете многу вода.

Овесна каша
Како старееме и се изложуваме на штетните УВ-зраци, така клетките на кожата ја губат својата способност да се регенерираат. Антиоксидансите кои ги содржи овесот можат да помогнат токму во тоа.

Краставица
Краставицата содржи претежно вода, која ѝ помага на кожата да остане хидрирана. Но, тоа не е единствената придобивка. Овој зеленчук, исто така, помага да се произведе колаген, кој е антиканцероген.

Домати
Доматите се полни со антиоксиданти и помагаат во заштита на кожата од штетното УВ-зрачење. Витаминот Ц што тие го содржат ја одржува хидратацијата.

Лубеница
Ова овошје има слични својства како доматите. Богато е со антиоксиданти, кои го ограничуваат УВ-зрачењето на телото. Полни се со вода, па затоа изедете три до четири парчиња лубеница на ден за да останете хидрирани во текот на топлите летни месеци.

Темно чоколадо
Темното чоколадо ја прави кожата помазна и ја штити од сончевото зрачење. Нутриционистите велат дека е најдобро чоколадото што содржи повеќе од 70% какао. Тие советуваат да не консумирате повеќе од едно чоколадо неделно.

Моркови
Бета-каротенот што го содржат морковите телото ги претвора во витамин А, кој ја намалува реакцијата на изгореници при сончање. Затоа потрудете се во летниот период и пред да се сончате да изедете барем еден морков.

Калинка
Калинката е исклучително богата со антиоксиданти, елагична киселина и има антиинфламаторни агенси, кои ѝ помагаат на кожата да ги регенерира оштетените клетки предизвикани од УВ-зраците. Освен тоа калинката е добра во борбата против стареење.

Совет: Доколку сепак се случи да добиете изгореници од сонце, покрај стариот познат начин да се премачате со кисело млеко, исто така можете да ја испрскате кожата со бел оцет (претходно разреден во вода). Ова треба брзо да ја смири кожата изгорена од сонце.

Scroll to Top