Излечете ангина или воспаление на грлото за четири часа

Речиси заборавивме на  лековите што во наследство ни ги оставиле предците. Но, сепак, старите имале некои совети кои до ден денешен се незаменливи.

Ким (на латински „Carum carvi) е еден од најстарите познати зачини од семејството Apiaceae. Пронајдени се  плодови што датираат уште од 3000 година пред нашата ера, а ги има и во пишаните споменици, каде што се споменува и името на Карло Велики.

Кимот најмногу се одгледувал во земјите од поранешенниот Советски Сојуз и во Европа (Холандија и скандинавските земји). Потеклото му е од Мала Азија.

Кимот содржи етерично масло, повеќе масни киселини и витамин Ц.

Ако сте и вие меѓу оние кои се борат со воспаление на грлото и крајниците или ангина, имате добри вести!

Иако сте мислеле дека сте ги пробале сите лекови и ништо не успеало, тука е народниот лек кој сето ова го лечи за само четири часа.

Рецепт:

  • 80 грама истолчени семиња од ким полејте ги со 200 милилитри вода и варети ги 15 минути
  • Ќе добиете густа растеглива маса, која личи на талог од кафе.
  • Процедете ја и додадете 50 милилитри вода, па повторно ставете ја да врие.
  • Тргнете ја од огнот и додадете еден филџан коњак (или вино)

Земете по една лажица на секој половина час. По два часа, болката ќе се повлече, а по четири ќе бидете сосема добро.

Во потешките случаи на настинки, можете да го пиете овој лек и подолго. Им се препорачува на сите кои се склони на болки во грлото.

 

 

Scroll to Top