По долгата зима, наскоро ќе можеме да уживаме во сончеви и топли денови. Зимската облека ќе ја ставиме на дното на ормарот и ќе извлечеме нешто лесно.
Летото брзо ќе дојде, па можеби е време да почнете со малку вежби и лесна храна, пред да се соблечете во костимот за капење. Салото околу стомакот најмногу ги мачи жените. Еве неколку практични совети:
Поинаков начин на исхрана
Во вежбалница може да вежбате колку сакате, но ако не се храните правилно, тогаш сте во затворен круг. Диетите може да бидат добри, но ако се конципирани на начин што во организмот ќе ги внесувате потребните минерали и витамини. Гладувањето нема да ви помогне бидејќи ќе се чувствувате слабо и уморено, а салото околу стомакот нема да исчезне. Слободно јадете авокадо и јаткасти плодови, а наместо масло консумирајте маслиново масло. Тоа може многу да ви помогне.
Помалку нервирајте се
Да, да вистина. Стресот може многу да влије врз вашиот физички изглед. Кога сме под стрес, нивото на исулин расте, а ако е премногу, тогаш се создава сало. За тоа да не се случи, изберете лесна активност како што е јогата или пешачењето. Доволно спијте и слушајте смирувачка музика.
Вежбајте без претерување
За ја постигнете посакуваната физичка кондиција, не мора веднаш да трчате маратон. Немојте да се изложувате на непотребен стрес и да вежбате повеќе отколку што можете. Изберете облик на вежба во која ќе уживате. И за момент ќе бидете спремни за летото кое доаѓа.