Едно истражување покажало дека лимонот содржи специјални супстанции кои дејствуваат смирувачки кога сме нервозни, со несоница, мигрена, замор и главоболка.
Лимон против мигрена
Мигрената е невролошка болест придружена со силна главоболка и чувствителност. Таа се манифестира со болни напади кои може да траат и по неколку дена. За да се заштитите од следниот напад исцедете сок од половина лимон. Во сад измешајте две лажици чај од мента и маточина, па полијте го со една чаша вода. Сокот од лимон ставете го во изладениот чај. Пијте по три лажици трипати дневно за време на оброкот.
За мигрена можете да измешате половина чаша сок од лимон измешан со половина чаша сок од јаболко. Ставете две лажички мед во пијалакот. Пијалакот се пие двапати дневно, по една чаша половина час по оброкот.
Со лимон против нервоза
Нервозата претставува функционално нарушување на нервите. Се манифестира со чести промени на расположението, анксиозност и страв, нервоза, тага, мигрена и мускулни грчеви.
Во една чаша вода додадете сок од четвртина лимон, една лажица шеќер и една коцка мраз. Пијте по две чаши од овој пијалак кога сте нервозни.
Лимонот лекува несоница
Несоницата е симптом на многу нервни растројства. Таа може да се победи со сок од еден лимон измешан со две лажички мед.