Лук и лимон за подобар имунитет

By

Подгответе напиток од лук и лимон за да го подобрите имунитетот ама и за да подобрите работата на срцето. Потребни ви се 30 чешниња лук, 6 излупени лимони и 2 литра вода. Во поголемо тенџере, ставете го исечканиот лук и лимонот исечкан на мали парчиња. Потоа, додадете ја водата и ставете го тенџерето на оган. Водата нека зоврие, намалете ја температурата, па варете уште 10 минути. Кога течноста ќе се излади, процедете ја и ставете ја во стаклена тегла или шише и чувајте ја во фрижидер.

Овој напиток се пие секојдневно, во рок од 3 недели. Секој ден по оброкот испијте 50 мл од напитокот, а потоа направете пауза од 7 дена. По паузата, продолжете следните 3 недели. Ова можете да го повторите на кои 6 месеци.

Комбинацијата од лук и лимон има многу здравствени придобивки за здравјето на луѓето. Освен за подобрување на имунитетот, напибката се користи за намалување на нивото на холестерол во крвта, за регулирање на нивото на шеќер, за регулирање на функцијата на црниот дроб, елиминирање на масните клетки, подобрување на циркулацијата и слично.

 

Ќе ви се допадне