Чоколадата не се препорачува во ниедна диета. Но, црната чоколада е добредојдена. Се разбира, во мала количина. За разлика од млечната, оваа содржи какао и подолго нè држи сити.
Кокосот е уште една намирница која и покрај калориите што ги содржи помага во забрзување на метаболизмот и го спречува наталожувањето масни клетки околу стомакот. И кокосовото млеко може да биде од полза при диетата.
При секоја диета корисно е да се употребува маслиново масло. Не само што е здраво туку и храната што се приготвува со маслиново масло придонесува за побрзо разградување на масното ткиво.
Авокадото како супер намирница одлично е за здравјето, а преполно е со калории и добри масти! Но, само половина авокадо дневно, при организиран диетен режим, ќе ја намали вашата половина и за 6 сантиметри за 1 месец.
Не заборавајте ни на бадемите. Всушност, наместо грицки, во диетата вклучете ги бадемите. По една дланка на ден. Тие ја ограничуваат апсорпцијата на мастите во организмот и одлични се за витка половина.