Мешавината на ореви и мед ја лекува анемијата и е делотворна кај луѓето што се исцрпени и имаат слаба крв. Таа е погодна е и за лекување хипертензија. Лекот за анемија се подготвува така што 500 грама мед ќе се помешаат со 500 грама мелени ореви и еден лимон. Од оваа мешавина се зема по една лажица на секои три до четири часа сè додека да забележите подобрување.
За лекување хипертензија и анемија предизвикана од намалено железо, секојдневно треба да се консумирате 100 грама ореви и 100 грама мед и тоа треба да се практикува 45 дена.
Во комбинација со мед, оревот претставува исклучителен природен лек поради тоа што во организмот ги внесува сите неопходни витамини, минерали, протеини, масти и јаглени хидрати. Мешавината од овие две состојки особено дејствува кога сте исцрпени и ако имате слаба крв.