Млекото може да го смени дејството на некои лекови

Лекарите препорачуваат лековите да се пијат само со вода. Земањето одделни лекови со одредени намирници може да има контраефект, велат тие. Ова особено се однесува на калциумот од млекото, кој во органите за варење лесно се врзува за одредени медикаменти, па создава соединенија кои потешко се растворуваат. Затоа не можат да се апсорбираат во крвотокот, велат лекарите на германското национално здружение.

Тие како пример ги земаат пациентите кои земаат антибиотици и препарати против остеопороза. Тие не смеат да пијат млеко најмалку два часа по земањето лекови.

Грејпфрутот требало да го избегнуваат лицата кои земаат лекови за регулирање на холестеролот во крвта, за зајакнување на имунолошкиот ситем и имуносупресиви, препарати кои спречуваат отфрлување на органот по трансплантација.

Лоша е поврзаноста и меѓу антихипертензивите и сладунецот. Оваа билка содржи супстанци што го зголемуваат крвниот притисок и лековите не можат да делуваат како што треба.

Scroll to Top