Она за што жените размислуваат пред да одат на гинеколог, вушност е сосем неважно за лекарите. Затоа не се потресувајте. Запомнете дека лекарот се грижи за вашето здравје, а не за изгледот. На гинеколозите воопшто не им е гајле за следниве ваши дилеми:
- Не ги интересира дали сте депилирани или не
Докажано е дека повеќе од 40% од жените пред да оди на гинеколог си ги бричат и депилираат нозете и интимното подрачје. Но , влакната се последно нешто кое лекарот ќе го забележи кај вас. Вашата интима фризура нема да остави впечаток. Геникологпот го интересеира нешто сосема друго, така да не се оптеретувајте.
- Тие не се заинтересирани за вашиот сексуален живот
Иако гинекологијата и сексот се поврзани, факт е дека вашиот лекар не е заинтересиран за тоа со колку луѓе сте спиеле и какви ви биле искуствата. Тие се заинтересирани само за фактите кои довеле до здравствените проблеми. Кога ќе ве прашаат за детали, очекуваат да бидете целосно искрени бидејќи само така можете да го решат вашиот проблем. Треба да бидете свесни дека вашиот лекар секојдневно прегледува безброј пациенти кои имаат различни проблеми и ќе сфатите дека е глупаво да лажете.
- Ако ве прашуваат дали планирате семејството , тоа не значи дека ве убедуваат да затрудните
Гинеколозите не ги интересира дали треба или не треба да имате деца. Тие се заинтересирани само за вашето здравје и кога постојат некакви проблеми, нивна должност е да ве информираат за тоа. Од нив очекувајте информации, а не да ви судат, да ве убедуваат или да ве убедуваат да забремените, да земате или не земате конт