Продукти што ќе ве стоплат и ќе ви го подобрат имунитетот

Исхраната треба да ја збогатите со готвени јадења, коренест зеленчук, житарки, чаеви, сите оние намирници кои ја поттикнуваат циркулацијата и му помагаат на организмот да се одбрани од студот, а во исто време да се загрее.

За да го постигнете ова, обрнете внимание на намирниците кои се однесуваат на оние кои го „греат телото“.

1. Рен

Кореновото растение го стимулира телото да се прочистува, го забрзува метаболизмот и благотворно делува врз циркулацијата, а со тоа го загрева телото.

Ренот е ризница на витамин Ц, за споредба, има три пати повеќе од лимон. Ефикасно е против настинки и грип, но е и вкусен додаток во месо и слични јадења.

2. Леќата

Леќата е богата со протеини, витамини Б1 и Б12. Највисок квалитет на леќата е високото ниво на антиоксиданси, чија улога е да ги елиминираат слободните радикали, кои се сметаат за една од водечките причини за рак и срцеви заболувања.

Покрај тоа, придонесува за затоплување на телото, бидејќи е одлична за крвотокот.

3. Лути пиперки

Капсаицинот, состојка која поттикнува лутина, позитивно влијае врз работата на срцето, ја ублажува болката, спречува чир на желудникот и го подобрува расположението.

Со оглед на тоа што ја забрзува циркулацијата, лутите пиперки се одлична храна за загревање на телото.

4. Лук

Нема потреба да се зборува за благотворното дејство на лукот. Поволно делува на намалување на лошиот холестерол, содржи алицин, познат и како природен антибиотик.

Лукот одлично делува на имунитетот. Содржи витамини, корисни масла, аминокиселини важни за нашиот организам. Содржи и алицин, состојка позната по своето антиинфламаторно дејство.

Затоа се препорачува редовно консумирање лук, особено во постудените месеци од годината.

5. Бибер

Биберот ги загрева екстремитетите, па затоа се препорачува за луѓе кои имаат слаба циркулација. Многу е корисен за регулирање на варењето и има антиканцерогено дејство, ја намалува надуеноста, ја ублажува настинката и воспалението.

Scroll to Top