Продукти што не смеете да ги јадете на празен стомак

Земањето соодветните продукти во соодветната количина ќе му обезбеди на организмот потребна енергија за денот и обврските што следуваат. Како прв и најважен оброк во денот појадокот мора да содржи здрави продукти. Експертите истакнуваат дека постојат продукти чие земање треба да се избегнува на празен стомак. Исто така, не е здраво ни да го испиете првото утринско кафе пред појадокот.

Печива и квасец

Земањето производи врз база на квасец на празен стомак може да доведе до проблеми со надуеност и болки во желудникот. Експертите препорачуваат избегнување листести теста и колачи со квасец за појадок.

Јогурт

Јогуртот е здрав затоа што содржи млечни бактерии совршени за црвената флора, но доколку се зема на празен желудник, па тие бактерии може да влијаат врз смалување на желудочната киселина.

Домат

Доматот е полн со витамини и антиоксиданси, во прашање е здрав вид зеленчук, но доколку се јаде само за појадок, во комбинација со желудочната киселина, може да предизвика голема болка во желудникот.

Краставица

Експертите препорачуваат избегнување суров зеленчук за појадок. Краставиците може да предизвикаат несакана надуеност и мачнини.

Агруми

Во семејството агруми спаѓаат портокалот, лимонот, грејпфрутот, мандарината, кои се богати со витамин Ц. Иако се прилично здрави продукти, нивната киселина може да предизвика оштетување на слузницата, кое може да биде доста болно.

Scroll to Top