Печурките го топат холестеролот

Конзумирањето само 100 грама печурки на ден за само една недела го намалуваат холестеролот за 12 отсто, покажа едно научно истражување во кое биле вклучени 90 луѓе. Половина од испитаниците одреден период јаделе околу 60 грама путер на ден и кај нив холестеролот се зголемил за 14 проценти. И втората половина конзумирале 60 грама путер, но во комбинација со 100 гр печурки и кај нив холестеролот се намалил за четири проценти.

Врз основа на овие резултати е откриено дека печурките се совршен прочистувач на крвта.

Нутриционистите ги нарекуваат печурките „шумско месо“ бидејќи поседуваат голема биолошка вредност. Тие имаат речиси ист квалитет како животинското месо, содржат голем број минерални состојки, особено калиум, а имаат малку помалку калциум, фосфор, железо и магнезиум од месото. Покрај тоа, богати се со растителни влакна, и содржат витамини Б2, Д и Ц.

 

Scroll to Top