Ново истражување направено на Американскиот колеџ за кардиологија, покажало дека попладневното спиење во временски период подолг од 40 минути го зголемува ризикот од појава на покачен крвен притисок и холестерол. Студијата опфатила 300.000 испитаници, а резултатите беа објавени на годишната конференција на кардиолози.
Според нив, човечкото тело за време на спиењето, доколку тој во текот на денот трае повеќе од 40 минути, ќе мисли дека е во состојба на длабок сон, нешто што значително влијае на метаболизмот и го забавува. Студијата тврди дека спиењето попладне ги прави луѓето поуморни отколку што се навистина.
Поубаво и поодморено се чувствуваат оние луѓе што попладне ќе отспијат најмногу половина час. Доколку дојде до подлабок сон, мозокот преминува во фаза на бавни бранови, по што се чувствуваме уморно и дезориентирано.