Доста луѓе го користат туширањето да се освежат и да го почнат денот, додека други го гледаат како можност за релаксација. Но според дерматолозите, пречестото туширање не е добро за кожата. На пример, може да ја исуши кожата, особено ако користите пилинг или сапун. Исто така, може да ја наруши рамнотежата на важни липиди и бактерии кои ѝ помагаат на вашата кожа да се спротивстави на воспаленија, да одржува мазна текстура и да ја зајакне нејзината заштитна бариера.
Друг недостаток од секојдневното туширање на телото се проблемите предизвикани од туширање со вода која содржи соли и хемикалии како хлор, флуор и пестициди.
Дерматологот Санди Сконички препорачува поретко туширање и секојдневно миење на само три делови од телото, пазувите, препоните и стапалата.
Препоните, како и пазувите, се склони кон габични инфекции и враснување на влакненца. За да избегнете инфекција, се препорачува секојдневно миење на овие делови на телото. И миењето на стапалата е важен дел од туширањето, стапалата содржат нечистотија, особено ако одите боси, но и влага која создава бактерии доколку носите чорапи или чевли.