Причини поради кои чувствувате болки во грбот

Половината и грбот најдобро се чувствуваат кога сте во движење.

Долгото седење на стол, високите потпетици и стресот не им помагаат на вашиот грб и чувствителната половина. Проверете што треба да направите за да избегнете болка во грбот.

Како да се решите од болката во половината?

Осумдесет проценти од луѓето страдаат од болки во грбот. Најчесто тоа се болки кои можат да се спречат со воведување на неколку едноставни правила секој ден.

Качувајте се по скали и спуштајте се со лифт

Ако патувате со лифт и одете по скали, половината не се чувствува добро. Таа го сака спротивното. Кога се качуваме по скали, ја зајакнуваме лумбалната регија на грбот. Таа е многу добра гимнастика за делот од половината која најмногу се оптоварува додека седите во канцеларија. Меѓутоа, подобро е да користите лифт додека се симнувате. Спуштањето по скали ги преоптоварува дисковите во половината.

Наместо да се виткате – клекнете

Наместо да се навалувате кога подигнувате предмети од подот, подобро е да клекнете. На овој начин телесната тежина рамномерно ќе се распореди по бедрата. Во таа положба, половината е помалку изложена на оптоварувања.

Носете високи потпетици само во посебни пригоди

Жената која сака високи потпетици има само оптоварена лумбална половина. Носењето такви обувки одвреме-навреме нема да ѝ наштетат на половината. Меѓутоа, секојдневното одење во нив ќе ги оптовари мускулите. За ослободување на половината, вреди да отидете на работа со удобни чевли и во канцеларија да ги замени со виски потпетици. За удобноста на половината најдобри се оние потпетици кои се високи пет сантиметри.

Спијте на добар душек

На половината не ѝ одговара премногу мек душек. Пред да купите душек, вредно да го испробате душекот во продавница. Ако промената на положбата бара напор, тоа е знак дека душекот е премногу мек. Кога лежите на страна измеѓу има слободен простор, па премногу е тврд. Најдобро е да одберете душек кој ќе се прилагоди на секој дел од вашето тело. Благодарение на тоа, половината е рамномерно поддржана.

Рамномерно распределете ја тежината

Многу е неповолно за половината доколку ја оптоварувате само едната страна од телото. Тогаш настанува искривување, болки и проблеми со дисковите. Затоа кога се враќате од шопинг, треба да ги спакувате во неколку кеси и да ги носите во двете раце. Поентата е во тоа што тежината треба рамномерно да се распредели на двете страни од телото. Женската торба исто така може да биде смртоносна за половината. Не треба да тежи повеќе од пет проценти од целото тело. Кога е потешка и без прекин се носи на едното раме, притисокот паѓа на нервите, што предизвикува болка. Значи, кога ќе носите повеќе работи со себе, подобро е да ги ставите в ранец.

Изберете вистински стол

Идеалниот стол треба да има висина која може да се мести, како и наслони за подлактиците. Висината треба да се намести така што во текот на седењето стапалата ќе бидат на подот, а свитканите нозе ќе формираат најмалку прав агол. Наслонот за грбот треба да ја придржува лумбалната регија. Вредно е да се запамети дека кога ќе  работите на компјутер, не треба да ја навалувате главата спрема екранот.

Носење дете

Болката во грбот е чест проблем кај младите мајки го подигнуваат детето и го носат на една страна. За да му олеснете на грбот, вредно е да изберете некоја друга метода. Нека детето ја гушне мајчината половина и нека ги стави рацете околу вратот.

Scroll to Top