Жените во една кинеска провинција секој месец добиваат платено отсуство од работа ако имаат болни менстурални грчеви. Работничките од провинцијата Анхуи може да земат еден или два слободни дена за време на месечниот циклус доколку имаат потврда од здравствен дом или од болница. Заради менструален циклус на работа не доаѓаат ни жените и во провинциите Шанкси и Хубеи.
Вакви одлуки веќе имаат донесено и одредени општини во Јужна Кореја, Тајван, Индонезија и Јапонија. Слична идеја била предложена и во Русија во 2013 година, но никогаш не била официјално прифатена. Според рускиот професор по гинекологија, Гедис Грудзинскас доколку жените отсуствуваат од работа за време на менструалниот циклус, тие би можеле да бидат помотивирани и попродуктивни.
Истражувањето на „Пан мед хелт“ покажало дека една од десет жени добиваат силни болки за време на менструалниот циклус, поради што се спречени нормално да ги извршуваат своите секојдневни активности во период од еден до три дена месечно.