Спречете го опаѓањето на косата во зима

Во зима косата паѓа повеќе, но ако забележувате дека тоа се случува многу повеќе од вообичаено, време е да преземете конкретни чекори и навреме да го спречите опаѓањето. Експертите имаат неколку едноставни совети.

Внесувајте повеќе витамини
Во зима има помал избор на свежа храна, но тоа не значи дека на вашето тело не му се потребни витамини и други хранливи материи, за да остане здраво. Негата започнете ја однатре, така што нема да претерувате со десерти, а во храната ќе внесете моркови, спанаќ, суви кајсии, јатки, авокадо, јајца, портокали, риба, печурки и млечни производи.

Сменете го шампонот
Многу е веројатно дека шампонот кој го користевте пред да залади веќе не одговара на вашите потреби. Изберете соодветен шампон кој не содржи парабени и сулфати, бидејќи големата количина хемикалии нема да донесе ништо добро, туку само може да го засили ефектот од студеното време.

Користете маска за коса
Заедно со шампонот потребно е да користите и маска за коса, за да го засилите заштитното дејство врз влакното. Исто така, можете да направите маска и дома.

Избегнувајте стилизирање
Иако сите сакаме да имаме средена коса, во овој период обидете се стилизирањето да го сведете на минимум. Избегнувајте да користите фигара, преси и пегли за да не ја одземате влагата од влакното. Адаптирајте се на условите, немојте да бидете груби со вашата коса. Така и во зима ќе успеете да ја задржите нејзината мекост и блескавиот сјај.

Scroll to Top