Овие три намирници ги нарекуваат богатство од природата.
Масло од оригано
Ова масло се добива од листот на билката. Неговиот мирис и арома совршено одговараат со храната, но, маслото од оригано помага во борбата против инфекции. Многу мала доза од ова масло има неверојатни антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.
Дозирање: 1 до 4 капки три пати дневно во шолја чај или чаша сок.
Лук
Лукот е силен, природен антибиотик кој не ги уништува здравите бактерии како што го прават тоа хемиските антибиотици. Го забавува растењето на бактериите и успешно уништува вируси и габични инфекции.
Дозирање: 2 до 4 чешниња лук како додаток на оброците или во салата.
Чили пиперки
Лутите чили пиперки се важен дел од азиската историја, како во кулинарството така и во традиционалната медицина. Овој многу едноставен зачин со лут вкус одговара со многу јадења. Најчесто се користи сушен или во облик на прав. Има противвоспалителни и антибактериски својства.
Дозирање: 1/2 лажичка дневно како додаток на оброкот или две лажички во чај или сок.