Многу луѓе голем дел од времето го минуваат седејќи додека работат, а тоа предизвикува болки во грбот и половината. Но, јапонските експерти тврдат дека со мала вежба за истегнување, болката ќе исчезне за неколку дена. Вежбата се прави со само 10 повторувања, а трае околу една минута. Таа ги активира мускулите на стомакот и на грбот и тие се зајакнуваат со затегнувањето. Оваа вежба делува и на внатрешната страна на бутовите.
Како се изведува вежбата:
Застанете со широко раширени нозе, со стапалата насочени кон надвор. Ножните прсти и колената свртете ги во истата насока. Свиткајте ги нозете во колена. За да одржите рамнотежа, ставете ги рацете на нив. Прво, наведнете се нанапред, свртувајќи го десното рамо налево и навнатре, а левото рамо нека оди наназад. Задржете се во оваа положба 3 секунди, па вратете се во почетната положба. Повторете го истото и во другата насока.
Движењата треба да ги правите полека и внимателно. Правете ја вежбата 2 пати дневно по 10 повторувања. По 2-3 недели редовно вежбање, ќе забележите дека салото од половината полека исчезнува, а по само неколку дена, ќе почувствувате како грбот ви станува поподвижен и дека болката исчезнува.