(Видео) Вежби за рамен и цврст стомак

Рамниот и цврст стомак не е само естетски привлечен, туку и е показател за добро здравје, бидејќи желудникот е центар на телото и, меѓу другото, заедно со мускулите на грбот е одговорен за правилното држење на телото.

Масните наслаги на стомакот не само што се непривлечни, туку и крајно нездрави бидејќи се таложат во абдоминалната празнина и опкружуваат неколку важни органи. Затоа научниците си поставија задача да истражат како одредени видови вежби влијаат врз отстранувањето на сантиметри од стомакот и половината.

Во студијата објавена во списанието за спортска медицина и физичка кондиција, испитаниците изведуваа четири различни вежби неделно. Едната група испитаници изведе четири статични кардио вежби и вежби за сила, додека другата група изведе две статични вежби и два интервални тренинзи со висок интензитет.

Научниците дојдоа до заклучок дека интервалниот тренинг со висок интензитет е најдобар за рамен и цврст стомак.

Групата на испитаници кои изведуваа интервален тренинг со висок интензитет не само што изгубија поголема телесна тежина во целост, туку и повеќе сантиметри во половината и значително повеќе маснотии од стомакот во споредба со групата која правеше статични вежби во теретана.

Дополнително, субјектите кои изгубиле тежина со интервален тренинг со висок интензитет доживеале подобрување на протокот на крв и респираторниот систем.

Научниците заклучија дека најголема предност на интервалните тренинзи со висок интензитет е тоа што се изведуваат кратки и интензивни вежби, додека телото работи до крајност, а со тоа се забрзува разградувањето на „најтврдоглавото“ масно ткиво – желудникот.

Во видеото, погледнете (и пробајте) интервален тренинг со висок интензитет од осум различни вежби во траење од 10 минути и 40 секунди.

Scroll to Top