(Фото) „Индипендент“: Облак со ликот на кралицата на небото над Британија

Облак со ликот на кралицата Елизабета Втора бил забележан на небото над Британија бргу по нејзината смрт. На интернет кружи фотографија што ја објави Британката Леан Бетхел објаснувајќи дека фотографијата ја направила од автомобил додека се враќала дома.

Фотографијата ја објави британски „Индипендент“ и кружи на „Твитер“.

„Се возев кога ќерка ми Лејси почна да вика и да покажува со прстот кон небото“, рече Бетхел.

Друга Британка, Алис, исто така сподели фотографија од облак, кој изгледа како страничен профил на кралицата.

„Сопругот виде на небото шарен облик кој потсетува на кралицата и тоа на денот кога почина“, рече Алис. Бргу потоа голем број Британци ги споделуваа фотографиите.

„Можеби е некаков знак или можеби сите ние бараме некаков знак од горе. Кој да знае? Сè што знам е дека оваа дама ни го посвети животот нам со најголема почит. Секогаш внимава на нас“, напишаа тие.

Други напишаа дека нејзиниот лик во облаците може да се види само ако се потрудите да го најдете, а некои тврдат дека воопшто не се гледа.

Од вчера во земјата се забележуваат временски феномени, кои некои од Британците ги објаснуваат како знаци. Двојно виножито се појави над Бакингемската палата веднаш кога беше официјално објавено дека кралицата починала.

Scroll to Top