Случајни минувачи на улиците на градот Сантијаго во Доминиканската Република биле сведоци на вистинска драма, наводно љубовна, откако една постара жена се качила на хаубата на такси и почнала да вика и да удира со тупаници по прозорецот од автомобилот, барајќи љубовницата на нејзиниот маж да излезе.
„Излези, излези слободно. Ајде да разговараме. Не сакам ништо од тебе. Не дојдов да се тепам“, вреска таа, привлекувајќи го вниманието на локалните жители, кои го снимија ова видео.
Chofer de carro público es sorprendido por su esposa cuando intentaba entrar a una cabaña con su amante @DespiertaPuebRD pic.twitter.com/kt2WhOnSvs
— Despierta Pueblo RD (@DespiertaPuebRD) January 14, 2022
Иако во автомобилот со затемнети стакла не се гледа колку луѓе има во возилото, наводно покрај љубовницата, внатре бил и сопругот на жената која во напад на љубомора и гнев се качила на хаубата на таксито.