Не плукајте во прстите додека броите пари, шалтерски работници ги искараа граѓаните

На „Твитер“ се појави фотографија снимена на едно од наплатните места за градскиот јавен превоз во Белград, каде што тамошните шалтерски работници апелираат до граѓаните да се придржуваат кон мерките против коронавирусот.

„Драги странки, не плукајте во прстите додека броите пари. Истото тоа важи и за: „Вакциниран сум со три дози”, „Плукнав само во една банкнота”, „Плукам во своите прсти”. Благодараме!”, пишува во апелот.

„Дефиниција за некултурни“, „Хорор“, „Колкумина биле штом морало да напишат вака“, се некои од коментарите под оваа објава.

 

Scroll to Top