(Видео) Испив сто чаши и ништо не ми е, рече Вучиќ пред да му ја земе советничката чашата со вино

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ стана хит, откако беше снимен на саемот „Винска визија на отворен Балкан“. Им беше домаќин на премиерите на Албанија, Македонија и Црна Гора, а се пофали дека можел многу да пие и пак ништо да не му е.

„Немојте повеќе, ми бројат луѓето, испив повеќе од сто чаши, но ништо не ми е. Во сабота пак ќе дојдам“, рече Вучиќ пред советничката Сузана Василевиќ му ја земе чашата со вино. Откако го проба виното од неговата чаша, расположениот Вучиќ си ја побара назад за да доиспие.

Вучиќ не крие дека е голем љубител на виното и многупати луѓето можат да го видат на телевизија како дегустира.

Scroll to Top