Марк Брајан од Тексас, САД, кој живее и работи во Германија со своето семејство, јавноста го запозна по неговиот несекојдневен начин на облекување. Тој стана интернет сензација откако неговите фотографии се појавија на социјалните мрежи. Модните комбинации кои ги носи се уникатни, многу смели и интересни. Иако неговиот изглед е малку чуден, според општо прифатените стандарди.
Марк има 61 година и работи како инженер по роботика.
„Мојата инспирација е Меган Маркл, тоа е мојот стил на облекување во моментов. Дојдов до идеја за здолниште откако ја гледав во американската драма „Suits“. Секогаш ми се допаѓаше како се облекува. Таа носеше тесни здолништа и бели блузи. Си помислив: „Па, можам да го направам тоа со машка кошула, а сепак да бидам мажествен“, изјавил Брајан.
View this post on Instagram
Марк имаше свое деби на модната недела во Париз минатата година. Тој чекореше на пистата во црно-бела јакна обложена со боја со соодветни чизми до колена. Пред неколку дена тој повторно ја посети Модната недела на еден ден за да го види шоуто на Кристијан Лубутен, еден од најпознатите светски дизајнери на чевли.
„Бев во Париз минатиот викенд само еден ден, за да присуствувам на ревијата за време на модната недела во Париз. Запознав толку многу нови пријатели. Повторно добив шанса да поминам неколку минути разговарајќи со Кристијан Лубутен“, напиша тој на Инстаграм.
Тој се опишува себеси како обичен човек кој сака да носи здолништа. Вели дека од неговото појавување во јавноста не се променило многу, освен бројот на здолништа и штикли во неговиот плакар. Иако некои мислат дека е геј, тој тоа го негира. Тој е среќно оженет, има три деца, а неговата сопруга го сака таков каков што е, таа многу го поддржува, дури и му помага да избере модни комбинации. Неговиот стил е навистина уникатен – од половината до главата изгледа како вистински маж, а од половината до стапалата е како женствена жена со силни, добро обликувани нозе.
View this post on Instagram
„Им објаснив на децата дека мојот стил на облекување нема врска со сексуалната ориентација и дека не сум геј. Мојата ќерка е една од моите најверни обожавателки која едвај чека да ми ги позајми чевлите“, изјави тој.
Почувствувал големо олеснување, се присетува, кога пред четири години конечно „излегол од плакарот“ и почнал да го носи она што отсекогаш сакал да го носи, здолништа и штикли, без да се срами.
View this post on Instagram
„Толку многу се ослободив од предрасудите што одам на работа во вакви комбинации“, рекол Марк, кој на многумина им станал инспирација, мотивирајќи ги да бидат тоа што се.
Тој стана голема сензација, а само на Инстаграм го следат над 650.000 луѓе. И додека добар дел го поддржуваат, има и такви кои знаат да упатат некои навредливи коментари кон него.
Неговите колеги на работа го прифатиле како нормален, дури велат дека Марк е нормален тип кој се однесува како маж и води машки муабети. Марк сака да вози „порше“, тренира американски фудбал и верува дека облеката нема пол.
View this post on Instagram
„Отсекогаш сум сакал чевли со високи потпетици. Се започна кога бев на колеџ пред четириесет години. Имав цимерка која беше посебен вид на девојка, која беше висока како мене, но сепак сакаше да носи потпетици од 10 сантиметри, па секогаш беше повисока од мене. Се обидов да носам фустани, но поради некоја причина едноставно не ми одговараа. Рамената и деколтето никогаш не изгледале како што треба, а ракавите секогаш биле прекратки. Здолништата ми дозволуваат подобро да ја комбинирам облеката и ме прават помажествен над половината, а родово неутрален доле. Во обични машки панталони немам многу опции за различност“, појаснил Брајан.