Американецот опседнат со порно ги доби на суд родителите што му ја уништија порноколекцијата

By

Американецот Дејвид Веркинг (42) од Мичиген ја добил тужбата против своите родители оти му ја фрлиле колекцијата со порносписанија, филмови и сексуални помагала, вредна околу 23.000 евра. Дејвид од родителите побарал отштета од 85.000 долари.

Судијата Пол Малони пресудил во негова корист, пренесува „Гардијан“.

„Нема сомнеж дека кутијата била во сопственост на Дејвид“, изјавил судијата.

Неговите родители признале дека тие му ја уништиле колекцијата. Тие на судијата му кажале дека тие имале право на такво нешто. Тие неговата порноопсесија ја споредиле со зависност од кокаин и пред судот рекле дека тоа го направиле за негово добро.

Судијата изјавил дека не постои закон според кој тие имаат право да уништат туѓ имот што не им се допаѓал. Порноколекцијата на Дејвид била спакувана во 14 кутии. Тој во 2016 година, по разводот, се вратил да живее дома кај своите родители. Тој поминал десет месеци со нив.

Кога се иселил, ги замолил да му ги испратат неговите работи на новата адреса во Индијана. Од нив добил сè, освен кутиите со порноматеријали.

Дејвид за порнографија почнал да се интересира уште во средно училиште. Според неговиот татко, тој бил исфрлен од факултет зашто го фатиле како им дели порноматеријали на други студенти.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV ha anime tv: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 1

KissAnime food wars kissanime: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full