Барал да го сместат во затвор затоа што дома не можел да ја поднесе жена му

By

Албанец (30) самиот се пријавил во полиција и барал да биде затворен, затоа што не можел дома да ја поднесе жена му.  Тој живеел во Гвидонија Монтечелио, место во близина на Рим, а карабинијерите кај кои се пријавил велат дека не можел да го издржи притисокот од дома.

dobivaj vesti na viber

„Беше очаен и решен да побегне, па дојде кај нас. Сакал да избега од сопругата и да служи казна во затвор“, рекоа тоа.

„Тој бил осуден на домашен притвор веќе неколку месеци поради злосторства поврзани со дрога, а требало да отслужи неколку години“, рече капетанот Франческо Гиакомо Феранте од Тиволиј.

Кога се пријавил тој веќе бил уапсен поради прекршување на домашниот притвор, па правосудните власти наредиле да биде затворен.

 

 

Ќе ви се допадне