Бизарен тест за послугата на кралското семејство: повеќето кандидати паѓаат поради мртва мува

Дури и ако не се работи за директно послужување член на кралското семејство, кандидатите се должни да поминат ригорозни интервјуа, а тука е и тестот со мртвата мува. Трејси Вотерман, менаџер за човечки ресурси во британската палата, открива како се врши селекција на кандидатите за да добијат работа како хигиеничари, а пренесува „Сан“.

„Еден од тестовите што сакам да ги спроведувам е оној каде што гледам дали кандидатот има потенцијал за забележување детали. Ставам мртва мува на каминот или на тепихот. Потоа ги воведувам кандидатите во собата и по разгледувањето, ги носам да му се восхитувам на каминот. Очекувам да ја видат мртвата мува и се надевам дека ќе ја отстранат“, вели Трејси.

Таа додава дека тоа е одличен тест и дека половина од кандидатите не го поминуваат.

„Еден од десет кандидати ќе се наведне и ќе ја собере. Разликата помеѓу хигиеничарка во хотел и во кралската палата е токму во внимавањето на деталите“, додава Вотерман.

И покрај овој бизарен тест, се чини дека стресот за време на интервјуто се исплати. Кога кралското домаќинство бараше персонал лани во октомври, на кандидатот што ја добил работата му било дозволено да живее во палатата и да ужива во бесплатна храна и пијалаци, а покриени биле и сите патни трошоци.

Scroll to Top