Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс (36) ја насмеа цела Америка откако во интервју за телевизијата CBN (Christian Broadcasting Network), изјавила дека верува во тоа дека Бог скал Доналд Трамп да стане претседател на Соединетите Американски Држави.
„Мислам дека Господ не повикува сите нас да ги исполните различните улоги во различни времиња и мислам дека Господ сакал Доналд Трамп да стане претседател. Затоа тој е таму. Мислам дека направи сјајна работа поддржувајќи голем број работи кои им се важни на верниците“, изјавила Сара.
White House press secretary Sarah Sanders said she believes God wanted President Trump to win the 2016 election, the Christian Broadcasting Network reports https://t.co/wDmFjxRIyt pic.twitter.com/9U9ev4yxTC
— CNN (@CNN) January 30, 2019
Говорејќи пред новинарите и нејзината соработка со нив, Сара изјавила дека многу претставници од седмата сила, само подметнуваат приказни на шета на Трамп. Не сакајќи да генерализира, Сара се пожалила дека меѓу новинарите гледа многу гневни лица и луѓе чија единствена цел е да го уловат Трамп во момент на неподготвеност.
Сара Сандерс која е портпаролка во Белата куќа од јули 2017 година, е ќерка на влијателен баптистички пастор и поранешниот гувернер на Арканзас Мајкл Хакаби. Таа често говори за својата вера.
„Како верничка мислам дека не постои само еден начин на однесување и кога ќе ми постават такво прашање јас само им одговарам дека Бог е тој кој што така сакал да се одвиваат работите“, изјавила Сандра на почетокот на претседателскиот мандат на Трамп кога ја прашале да го прокоментира нејзиното однесување и речник