Познатата тиктокерка Кили откри дека како дете многу сакала да има сестра, па со нејзината другарка им ги дупнала кондомите на нејзините родите. По 25 години таа ѝ ја открила тајната на семејство. Ѝ признала што направила на сестра ѝ, а на родители им се извинила.
Видеото го објавила како роденденска честитка за сестра ѝ и досега е видено преку 7 милиони пати.
„Тајната ја чував 25 години и мислам дека е време да ја споделам. Извини мамо“, рече Кили и додаде дека не жали што ја добила Сем за сестра, пренесе „Њујорк пост“.
Кили објасни дека со нејзината најдобра пријателка скришум влегле во собата на родителите и на масата нашле еден куп кондоми.
@mama__kee @Sam Myrick I’m sort of responsible for your existence. #sister #fyp #sorrynotsorry ♬ original sound – 🌿🌸Keely🌸🌿
„Имаше цел пакет на масата“, рече Кили и додаде дека другарка ѝ тогаш ѝ објаснила за што тие служат. Знаела каде мајка ѝ ги чувала и иглите за шиење.
„Направивме неколку дупки“, признала Кили ѝ рече дека по шест месеци мајка ѝ ѝ кажала дека е бремена. Години подоцна Сем не знаела како дошло до бременоста, ниту како нејзината постара ќерка е одговорна за тоа. Не е познато ни како семејството реагирало на Кила, но видео наиде на многу коментари.
„Би ја однел оваа тајна на мојот гроб. Ако сестра ти некогаш се налути на тебе, можеш само да и кажеш дека не би била тука без тебе“, се пошегуваа некои од фановите.