Девојка од село бара сопруг на оглас

На еден од балканските сајтови за размена на се и сешто, била објавен оглас од девојка од село, која е во потрага по сопруг. Таа сепак има одредени услови кои треба да бидат исполнети.

„Останав како млада останав сама на фармата, па се одлучив на ваков потег. Ретко излегувам во град, затоа што навистина немам време од секојдневните обврски. Едвај чекам да падне мрак за да можам да си легнам. Барам маж или момче кое би ме оженило и би работело со мене на фармата, а јас му ветувам дека ќе му дадам се што тој може да замисли. Ќе му бидам вистинска готвачка и домаќинка. Негово е да се грижи за 150 овци, 13 крави, 8 кози, 66 овци, 34 јагниња, 46 пилиња, 19 телиња, 4 кучиња и 12 мачки. Мора да ги храни три до четири пати дневно. Животните мора редовно да бидат нахранети. Потоа има друга работа на фармата. Од чистење на шталата, па до косење на сено, орање, садење и сите други обврски кои што ги има еден фармер. Мора да оди и во шумата по дрва, да ги исече, а јас ќе му помогнам да ги пренесе. Предност имаат оние кои знаат да возат трактор и да ракуваат со земјоделски машини. Само молам да не ми се јавуваат тие кои користат пудри, се премногу нежни. Такви не сакам. Сакам исклучиво селанец, влакнест и мускулест. Ако има некој таков нека ми се јави“, стои во огласот.

 

Scroll to Top