Директорката на основното училиште во Скопје, Матилда Бајкова, во емисија за астрологија праша дали ќе добие уште еден мандат. Таа е директор на основното училиште во Бардовци – „Аврам Писевски“. За жел, не добила одговор од астрологот Мирјана Мирковиќ.
„Одговор молам. Дали ќе добијам уште еден мандат“, прашала Матилда, која е професор по македонски јазик и литература, пренесе а1он.
Нејзиното прашање наиде на реакции во јавноста, но таа смета дека прашањето немало никаква врска со она што го работи и рече дека и таа како и секој друг има право да се забавува.
Матилда читала и дела што се поврзани со астрологијата бидејќи ѝ биле интересни. Има добиено и признание за Меѓународниот ден на учителот за просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образованата дејност за учебната 2016/2017“ и ќе се кандидира за уште еден мандат.