Дојавила бомба за да ја спречи свадбата на бившиот дечко

By

Љубоморна девојка од Чешка за да ја спречи свадбата на бившиот дечко дојавила во полиција дека е подмретната бомба во општинската зграда во Хостина каде што тој требал да се венча. Таа и момчето раскинале четири години претходно, ама таа не успеала да го преболи раскинувањето.

dobivaj vesti na viber

Откако била приведена, во полиција признала дека тоа го направила од љубомора. За лажната дојава за бомба и за ширење лажна тревога и предизвикување паника според чешките закони 25-годишната девојка може да добие пет години затвор, рекла за медиумите портпаролката на локалната полиција, Шарка Плжова.

 

Ќе ви се допадне