Домашни мини тулумби

Потребни состојки:

300 г брашно,
500 мл вода,
1 прстофат сол,
1 путер/маргарин (250 г),
5 јајца

За шербет:

1 литар вода,
1 лимон
700 г шеќер

Начин на подготовка: 

Сварете ја водата и во неа ставете малку сол и путерот. Потоа додадете го брашното и мешајте додека да се создаде топка од тесто. Тргнете од оган и оставете малку да излади. Во останатото тесто додавајте едно по едно јајце и добро измесете пред да го додадете следното јајце. Добиеното тесто ставете го во шприц со ѕвездест продолжеток и правете мали тулумби. Сечете ги на 4 см или пократки и пржете ги во жежок зејтин. Извадете ги тулумбите на хартија за да се впие вишокот маснотија, а потоа ставајте ги во шербет и оставете ги да го впијат сирупот. Оставете ги да изладат преку ноќ.

Scroll to Top