(Фото) Американскиот сенатор Берни Сандерс нурка во Охридското Езеро

Стилот на американскиот сенатор Берни Сандерс на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден стана инспирација за безбројни мемиња, од кои не можеше да се избега изминативе три дена.

На манијата со мемињата не останаа рамнодушни ни од нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид.

Популарноста на сенаторот ја искористи претходно и Град Скопје со објавата за новите клупи на 250 локации низ градот. Тие илустрираа објава на „Фејсбук“ со меме од Сандерс како седи на клупа спроти Владата.

Scroll to Top