(Фото) Баба го шета внукот врзан за синџир

Низ улиците на Суботица била снимена баба како го шета внукот врзан за синџир. Како што пренесоа тамошните медиуми, старицата е од Будимпешта и продава на саемот кој се одржа во Суботица. Бабата која не сакала да се претстави, рече дека внукот самиот го врзал синџирот.

Таа тврдела дека не сакала да го повреди ниту пак имала некаква лоша намера и дека детето само сакало да си игра. И мајката на детето ја потврдила нејзината изјава, како и блиските продавачи, кои биле сведоци на настанот.

Сепак и покрај тоа што немала никаква лоша намера, многумина ја критикуваа и коментираа дека ваквото однесување може да биде непредвидливо и опасно затоа што детето не е свесно што може да се случи. Многумина ја осудија бабата, но и мајката која ја поддржала.

 

 

 

Scroll to Top