Фотографија од маж кој многу личи на Брус Вилис се споделува на интернет. Фотографијата е направена во автобус во Белград, а многумина се шегуваа на негова сметка.
„Овој личи на оној од Die Hard. Брус Вилис бара каде да купи млеко во Србија. Брус Вилис се распадна. Се повлече од актерството, па се вози со нашиот ГСБ и ужива. Тој го снима Die Hard 7, Потполно ист“, се само некои од коментарите.
За потсетување, неодамна беше објавено дека Вилис ги продал правата на своето лице на компанија за креирање дигитални двојници наречена „Дипкејк“, дозволувајќи им да создадат дигитален близнак за актерот, кој се пензионираше во март откако му беше дијагностицирана афазија.
Сепак, „Би-Би-Си“ објави дека портпаролот на Вилис негирал дека имал некакво партнерство или договор со компанијата. „Дипкејк“ го потврди ова за „Би-Би-Си“, велејќи: „Формулацијата за правата е погрешна. Брус не можеше никому да продаде никакви права, тие првенствено се негови“.